Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозија во една од најголемите јапонски термоцентрали, нема повредени

/

пред 998 дена

Сподели преку :

Пожар избувна денеска во термоелектраната Такетојо, во префектурата Аичи, во централна Јапонија, соопшти нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека нема повредени, а работата во централата е прекината.

Јавниот сервис НХК претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата.

„Пожарникарите се испратени на местото на настанот откако добиле повици од сведоци“, изјави претставник на локалната противпожарна служба.

Електраната е управувана од ЈЕРА, водечка јапонска комунална компанија.

Производниот капацитет на термоелектраната Такетојо е 1.070 MW, што е меѓу најголемите во Јапонија во однос на една производна единица, се наведува на веб-страницата на ЈЕРА.

Термоелектраната се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија.