Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозија во хотел во САД – 21 повредено лице, четири во тешка состојба

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.

Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.

Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.