Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екстрадирано лице од Дубаи кое се бараше со меѓународна потерница од македонската полиција

/

пред 233 дена

Сподели преку :

Екстрадирано е лице од Дубаи кое беше барано со меѓународна потерница од македонската полиција, соопшти министертсвото за внатрешни работи (МВР).

„Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ“, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека ова е прва екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.