Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Електронската апликација за закажување на термин за лични документи повторно е достапна

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

„Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред“, наведува министерството.

Воедно додава дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани.