Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган: Нападите врз Либан ќе доведат до поширок конфликт

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк предупреди дека новите израелските напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион.

-Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, пренесе агенцијата Анадолија.

Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.

Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.