Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Есенската кошничка која треба да ги поевтини производите најверојатно ќе почека уште една недела, а граѓаните не можат да се справат со скапотија

/

пред 761 дена

Сподели преку :

Есенската потрошувачка кошничка со целосна листа на производи кои треба да бидат со намалени цени или со ограничени маржи сè уште не е објавена. На денешната владина седница, Министерството за економија треба да го достави предлогот и тој ќе се разгледува, но речиси е сигурно дека конечна одлука денеска нема да има. Во меѓувреме, министерот за економија се сретнал и со претставници на стопанските комори и со трговците и со производителите, но нема детали дали и што е договорено. Додека надлежните да донесат одлука, граѓаните се борат со скапотија.

Кои производи ќе бидат во есенската кошница првично требаше да се знае во петок, а потоа се одложи за понеделник. Листата и денес не е објавена. Се знае само дека станува збор за сто производи кои најмногу се користат во есенскиот период и според најавите или треба да им се намали маржата или да им се замрзнат цените. Мерката, според најавите, треба да трае еден месец, а дали ќе продолжи да се применува, дополнително ќе се одлучува.

Неизвесно е и што ќе се случува со Законот за нефер трговски практики кој треба да стапи на сила за 10-тина дена и се очекува да стави крај на проблемите со цените. Од бизнисот се со различен став за законот. Од северозападната комора и од ССК сметаат дека треба да почне примената.

Дел од бизнисмените пак сметаат дека ограничување на маржите и замрзнување на цените не е решение.

Тамара Марковска