Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ ги подготви договорите за субвенционирана електрична енергија

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и училишта можат да се пријават за снабдување со електрична енергија од ЕСМ Продажба. АД ЕСМ информира дека веќе се подготвени процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори.

За снабдување од почетокот на декември, поради мрежните правила на ЕВН од Електродиструбија за промена на снабдувач, комплетните документи треба да бидат поднесени до утре, додека за субјектите кои се на снабдувач, во краен случај, рокот е 20-ти месецов.

Снабдувањето на овие потрошувачи ќе се прави преку ЕСМ Продажба, во текот на траењето на енергетската криза, до крајот на април идната година. Корисниците се поделени во 3 категории од кои оние кои спаѓаат во првата категорија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност, ќе плаќаат по 80 евра за мегават час, а останатите ќе купуваат струја за 95 евра.