Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ ја достави новата цена на струјата- Владата е на потег

/

пред 316 дена

Сподели преку :

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани  е прифатлива или не. Во моментов електирчната енергија за домаќинствата ја продава по 62 евра за мегават час. Дали ќе оди над овој износ допрва ќе се носи одлука. Тендерот на ЕВН ХОУМ на кој ЕСМ треба да ја достави понудата за новата цена ќе биде објавен во четврток.

Инаку, во моментов поризводната цена на ЕСМ е далеку повисока од онаа по која ја продава струјата за домаќинставта и малите потрошувачи.

Заклучно со септември загубите на ЕСМ се над 90 милиони евра, а потрошени се над 60 милиони евра за набавка на електирчна енергија. Па останува да се види колку овие набавки ќе влијаат на новата цена на електричната енергија.

До крајот на месецов пак Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција на струја ставка која е во фактурите за електрична енергија кои ги плаќаат домаќинствата. Но, првичните прогнози на регулаторот Бислимовски беа дека тука не се очекуваат некакви промени.

Сепак,  какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година најмногу зависи од цената која ќе ја понуди ЕСМ.