Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ „Молика“ најави кривична против непознат сторител за труењето во кујната во РЕК Битола

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Кривична пријава против непознат сторител ќе поднесе ЕСМ „Молика“ за труењето со храна кај дел од вработените во РЕК Битола кон крајот на март. Од компанијата информираат дека по спроведени инспекциски надзори е утврдено дека бактеријата салмонела не е пронајдена ниту во примероците од храната, ниту на работните површини во кујната. Случајот со заболени работници од рудникот, како што наведуваат, не е поврзан со подготовката на храната во централната менза.

Кујната беше затворена на 26 март по вонреден инспекциски надзор на надлежните институции, при што биле утврдени хигиенски пропусти и наредено вонредно чистење и дезинфекција. Околу 200 вработени пријавиле стомачни тегоби и примале терапија во битолската Клиничка болница, а кај 24  од нив салмонелата беше лабораториски потврдена.

Кујната во РЕК повторно ќе биде отворена на 11 мај, а како превентивна мерка, ЕСМ „Молика“ сега  најавува дека топол оброк ќе добиваат само вработените во Термоелектраната, додека за рудниците привремено се воведува сув оброк, се додека не се обезбедат услови за безбедно послужување топла храна.
Емилија Мисирлиевски