Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ продажба за февруари ќе купи уште поскап гас во споредба со претходниот месец од Балкан Јутилитис

/

пред 1358 дена

Сподели преку :

Во февруари ЕСМ Продажба ќе  плати уште поскап гас. Фирмата ќерка на државните електрани потпиша договор за испорака на овој енергенс повторно со бугарската Јутилитис.

И овој пат, како и во јануари  пресудно за одлука беше најниска, но фиксна цена.

Ако се погледне моменталната пазарна цена може да се види дека државата ќе плати многу повеќе од тоа што го потроши во јанаури.

Цената на Макпетрол,  односно на Макпетрол Пром Гас денеска е 71 евро за мегават час,  до мерната станица Жидилово.

Но , според сите параментри во следниот период има тенденција да опаѓа.  Избраната понуда на Јутилитис е 98,7 евра за мегават час додека на другата фирма која се јавила на повикот Актаел понудата е 99, 83 евра за мегават час.

Разликата меѓу цената на Макпетрол и онаа на Јутилитис е 27, 71 евро за мегават час.

Со тоа, ако се помнoжи разликата од 27, 71 евра со максималните барани количини од 3.500 мегават часови дневно  за февруари, во тој случај  ќе се плати  2,7 милиони евра повеќе за гас.