Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ се задолжи 100 милиони евра и ќе бара поскапување на струјата – реакција на Алтернатива по заемот на компанијата од ЕБОР

/

пред 1148 дена

Сподели преку :

Неспособноста и неодговорноста на менаџерскиот тим ја доведе ЕСМ во ситуација да се задолжи за да продолжи да работи и да исплати плати, реагираат од Алтернатива по вчерашниот договор со кој, Електрани на Македонија добија нов долг од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од партијата додаваат дека ЕСМ постојано е мета на критики за нетранспарентни набавки и зделки во четири очи и прашуваат дали ќе се злоупотребуваат и овие 100 милиони евра, како стотици милиони во минатото?.

„Она што најмногу нè загрижува е фактот што за враќање на кредитот, ЕСМ ќе бара поскапување на струјата, дополнително оптоварувајќи го семејниот буџет. Алтернатива ја повикува регулаторната комисија за енергетика да не дозволи поскапување за ЕСМ, бидејќи граѓаните не треба да плаќаат“, реагираат од Алтернатива, за неспособноста, неодговорноста и каприците на раководството на ЕСМ.