Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ: Цените на енергенсите нема брзо да се стабилизираат

/

пред 189 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата и гасот во Европа нема да се вратат на нормално ниво во скоро време, дури и ако војната со Иран заврши веднаш, предупреди европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен.

Тој посочи дека иако нема непосреден недостиг, постои притисок врз снабдувањето со дизел и авионско гориво, како и зголемени ограничувања на глобалниот пазар на гас, што ги крева цените на електричната енергија.

По состанокот во Брисел, Јоргенсен изјави дека ЕУ подготвува мерки за да им помогне на граѓаните и компаниите да се справат со поскапувањата, при што цените на гасот се зголемени за околу 70%, а на нафтата за 60%.

Дополнително, трошоците за увоз на фосилни горива пораснале за 14 милијарди евра од почетокот на конфликтот.

Меѓу предложените мерки се олеснување на раздвојувањето на цените на гасот и електричната енергија, можни даночни олеснувања и воведување еднократен данок за екстра профит, идеја поддржана и од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен..

ЕУ истовремено останува на ставот за целосно укинување на зависноста од руски гас, барајќи нови извори на енергија од повеќе земји.