Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Двајцата лидери на Европската Унија упатија иста порака на социјалните мрежи по состанокот во Брисел со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

-Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван. Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана на долгорочен аспект како прва линија на одбрана на нашиот Сојуз, стои во нивните објави.