Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ и САД загрижени за ситуацијата на Косово

/

пред 1223 дена

Сподели преку :

ЕУ и САД изразуваат загриженост за континуираната тензична ситуација на северот на Косово и ги повикаа сите да преземат итна акција за безусловна деескалација на ситуацијата.

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во писмо до премиерот Курти порача дека без смирување на ситуацијата на северот на Косово, нема простор за продолжување на процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.

– Ги повикуваме сите да покажат максимална воздржаност, да преземат итни мерки за безусловна деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокации, закани или заплашувања. Работиме со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, да најдат политичко решение за да се намалат тензиите и се договорија за понатамошен пат во интерес на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на сите локални заедници, се наведува во писмото на ЕУ.

ЕУ и САД очекуваат Приштина и Белград да се вратат на поттикнување на средина погодна за помирување, регионална стабилност и соработка во корист на нивните граѓани…