Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ја намали прогнозата за економски раст, очекува рецесија во еврозоната

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Деветнаесет земји кои го користат еврото како валута ќе влезат во рецесија престојниот период. Ова се очекувањата на економските експерти во еврозоната откако ЕУ ја намали прогнозата за економски раст, но и согласно проценките дека врвот на инфлацијата трае подолго од очекуваното.

Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година. Раст во Европа би можел да се случи на пролет, бидејќи инфлацијата постепено ја олабавува контролата врз економијата, се вели во извештајот.

Најлошиот резултат следната година најверојатно ќе биде во Германија, најголемата европска економија и една од најзависните од рускиот природен гас пред војната во Украина.

Комисијата очекува дека пазарот на трудот веројатно ќе се одржи релативно добро и покрај падот на производството во текот на зимата, предвидувајќи зголемување на стапката на невработеност следната година.