Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ не е фер кон С. Македонија, Македонците исполнија бројни услови, но остануваат далеку од членство – Милановиќ по средбата со Мицкоски во Загреб

/

пред 793 дена

Сподели преку :

Европската Унија постапува некорентно кон Северна Македонија која исполни бројни услови, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Загреб. Тој додаде дека Македонија може да смета на цврста поддршка од Хрватска во остварување на своите цели.

„Европската Унија не е фер кон Северна Македонија. Македонците досега исполнија бројни услови кои беа барани од нив, со цел да ги забрзаат преговорите за членство во Европската Унија. Но, и покрај тоа, и натаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен пристап кон Северна Македонија“, рече Милановиќ.

Загреб е прва странска дестинација за Мицкоски по преземање на премиерската функција.