Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ повикува на дипломатско решение за Иран

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека „Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, повикувајќи на преговори во време на засилени тензии меѓу Израел и Иран.

Таа зборуваше на самитот на Г7 во Канада, нагласувајќи дека Европа останува посветена на дипломатско и трајно решение за нуклеарната програма на Иран.

Европската унија го повика Иран да се воздржи од натамошни воени дејства и да се врати кон договорот за неширење на нуклеарното оружје преку мирољубиви преговори.

Изјавата доаѓа откако Израел во петокот изврши напади врз нуклеарни и воени цели во Техеран, при што, биле убиени високи ирански научници и воени лица.