Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ: Продолжуваат разговорите со САД, блокот мора да биде „подготвен за сите исходи“

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Разговорите со САД ќе продолжат денеска, а блокот мора да биде „подготвен за сите исходи“ по изненадувачката најава на администрацијата на Трамп за царини од 30% за ЕУ, изјави комесарот за трговија на Европската унија. Марош Шефчовиќ во обид да ја намали неизвесноста не исклучи, како што рече, добро осмислени пропорционални контрамерки за враќање на рамнотежата во трговските односи САД – ЕУ. Контрамерките од страна на ЕУ, која преговара за трговски договори во име на своите 27 земји-членки, се одложуваат до 1 август.

„Практично, трговијата се забранува. Значи, ако зборувате за 30% или 30% плус, ќе има огромно влијание врз трговијата. Ќе биде речиси невозможно да се продолжи со трговијата бидејќи сме навикнати во трансатлантски односи. И ако го погледнете влијанието што би го имало ова, морам да кажам дека трансатлантските синџири на снабдување би биле силно погодени од двете страни на Атлантикот“  рече Марош Шефчовиќ, комесар за трговија на Европската Унија.

По одлуката на Брисел да ги одложи возвратните царини за американската стока, денеска европските министри за трговија се состанаа во Брисел за да разговараат за најавата на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп ја убедува нацијата дека неговите царини ѝ носат „многу пари“ на државата.

„Имаме царини што се воведуваат на нивоа што никогаш порано не сме ги виделе и тие штотуку започнаа. Тоа е навистина мал дел и главно е од автомобили, алуминиум и челик, малку дрва. Но, тие навистина ќе започнат за околу една недела. А потоа за околу еден месец ќе дојдат на нивоа што се исклучително високо и нашата земја заработува многу пари, заработува многу пари“ изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека најавените американски царини „ќе ја погодат сржта на германската извозна економија“.

„Доколку тоа се случи, тогаш би можеле да ставиме голем дел од нашите напори за економска политика настрана. Бидејќи тоа би преклопило сè и би ја погодило германската извозна економија до срж“ рече Фридрих Мерц германски канцелар.

ЕУ е најголемиот деловен партнер на Америка и најголемиот трговски блок во светот. Одлуката на САД ќе има последици врз владите, компаниите и потрошувачите од двете страни на Атлантикот. Возвратните мерки на ЕУ, кои би достигнале 21 милијарда евра американски стоки, првично беа суспендирани во март.

Билјана Ставрова