Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ загрижена за цените на енергенсите и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец

/

пред 207 дена

Сподели преку :

ЕУ загрижена за цените на енергенсите и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец. Министрите за надворешни работи и за енергетика на Европската Унија на состанок во Брисел, зад затворени врати, разговараа за зголемувањето на цените на енергенсите.

Високата претставничка на Унијата за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека на состанокот се дискутирало и за начините Ормутскиот теснец да остане отворен за меѓународна пловидба.

Европската Унија денеска воведе санкции против 16 лица и три организации кои ги смета за одговорни за сериозно кршење на човековите права во Иран, поврзано со задушувањето на протестите во земјата на почетокот од годината.

На денешниот состанок во Брисел се разговараше и за одлуката на Соединетите Американски Држави за привремена суспензија на санкциите за руската нафта.

Калас ги повика 27-те земји членки да ја прошират поморската мисија на Унијата – операцијата „Аспидес“, со цел да се заштити поморскиот транспорт од Црвеното Море до Персискиот Залив.