Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еуроњуз: Аерозагадувањето „убива“ – меѓу најпогодените Македонија

/

пред 649 дена

Сподели преку :

Македонија е меѓу земјите кои се најпогодени од загадувањето на воздухот. Според извештаите на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Македонија, заедно со Србија, бележи високи стапки на смртност како последица на аерозагадувањето, пишува „Euronews“.

Од соседните земји, Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така мерат високи нивоа на загаденост.

Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.

Во декември, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.

Овие правила ги обврзуваат земјите-членки редовно да ги следат ПМ честичките, јаглеродот и амонијакот кој се ослободува во воздухот.

„Ова е една од најголемите интервенции за јавното здравје во последните децении“, изјави Марк Њувенхајсен, директор на иницијативата за урбанистичко планирање, животна средина и здравје во Барселона, за Еуроњуз.

Изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид, се вели во извештаите на Европската агенција за животна средина.

Истражувањето на Њувенхајсен ги нагласува различните предизвици со кои се соочуваат различните делови на Европа, вклучувајќи ги земјите од Југоисточна Европа, како Македонија, во справувањето со загадувањето на воздухот.