Актерката Ева Костиќ ја доби наградата за најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал TOFIFEST во Полска. Наградата е за улогата во дебитантскиот игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ, информираат од Агенцијата за филм на Македонија.
Филмот „17“ беше прикажан во главната натпреварувачка програма „ON AIR Competition“ , а неговото фестивалско патување продолжува на Jerusalem Film Festival и Atlàntida Mallorca Film Fest, дополнуваат од Агенцијата за филм.











