Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуиран брачниот пар македонски државјани кои беа заглавени во завојуваната Газа

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Евакуиран брачниот пар македонски државјани кои беа заглавени во завојуваната Газа, потврди министерот за надворешни Бујар Османи. Тој на Фејсбук објави дека брачниот пар утринава го поминале египетскиот премин Рафах и се на безбедно во Каиро. Од утре ќе патуваат за Македонија.

  • Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, напиша Османи.

Претходно, Македонија ги евакуираше 4-членото семејство Скаик, кое безбедно пристигна во земјава на почетокот од месецов.

Во Газа, според информациите на МНР останува уште еден македонски државјанин, но тој не бара евакуација, затоа што работи во хуманитарна организација и одлучува да остане и помага на цивилното население.