Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуирани европратеници од воз со кој требаше да се вратат во Брисел – експлозија и драма на железничката станица во Стразбур

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Пратеници во Европскиот парламент денеска поради експлозија биле евакуирани од воз кој требало да ги врати од Стразбур во Брисел, објави порталот Политико.

Веднаш по влегувањето во возот „Евростар“ во 14:57 часот, кој го изнајмил парламентот, биле евакуирани во внатрешноста на станицата во Стразбур.

Емануел Фулон, белгиски парламентарен асистент од партијата „Да ја обновиме Европа“, на социјалните мрежи напиша дека слушнал експлозија.

Данскиот европратеник Пеле Гертсен од редовите на Левица ја опиша ситуацијата како „хаотична“.

„Дојде до технички инцидент во возот на станицата во Стразбур“, потврди прес-службата на Европскиот парламент.