Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН ХОУМ денеска до РКЕ ќе го достави предлогот за новата цена на струјата, регулаторите треба да ја одобрат и утре да ја соопштат

/

пред 1023 дена

Сподели преку :

ЕВН ХОУМ денеска до РКЕ ќе го  достави предлогот за новата цена на струјата, кој потоа регулаторите треба да го одобрат и утре во просторите на РКЕ новата цена да биде соопштена. Иако, претходно се зборуваше дека тоа ќе го прави ЕВН ХОУМ, сепак и овој пат новата цена ќе ја каже повторно првиот регулатор.

На последната подготвителна седница, енергетските компании имале забелешки во однос на предлозите на регулаторот за предлог цените на услугите на Електродистрибуција, МЕМО и МЕПСО.

Според одлуките на комисијата цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на МЕПСО за 13, 37 проценти и на МЕМО за речиси  36 отсто, но ова енергетско тело има незначително учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна пак според информациите во сметките за струја ќе има поевтинување на мрежарината, за која изминатиот период доста граѓани реагираа дека во фактурите плаќаат повеќе за тоа отколку за потрошената енергија. Но, паралелно се издвојува нова ставка за пристап до мрежа која ќе ја плаќаат оние со празни викендички, куќи, станови.

ЕСМ пак од јануари на ЕВН ХОУМ ќе ѝ ја продава својата струја за 57 евра за мегават час 7, 5 отсто поскапо од претходно.

Ова се речиси главните параметри кои влијаат на крајната цена на електричната енергија. Но, најмногу зависи од  цената на ЕСМ и профитната маржа на Универзалниот снабдувач за кој исто така ќе се одлучува  кој ќе биде нов снабдувач од јуни догодина.

До 12 јануари сите кои сакаат да се јават на повикот треба да ги достават потребните документи. Кој ќе биде нов снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи ќе зависи од тоа кој ќе понуди најниска маржа која сега е 11 проценти.