Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН предлага поскапа струја за 6 проценти

/

пред 294 дена

Сподели преку :

Предлогот на ЕВН Хоум е цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто. Во пресметката на универзалниот снабдувач се влезени сите потребни параметри, односно новата повисока цена за мегават час по која ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН за домаќинствата и малите потрошувачи. Тука влегува одлуката на регулаторна за пренос и дистрибуција која се донесе пред неколку дена.

Според информациите од ЕВН Хоум за Телма, откако ќе се соберат сите трошоци и ќе се аплицира маржата за универзалниот снабдувач од 9,9 проценти се добива зголемување на вкупната цена за домаќинствата со вклучена мрежарина во просек од 5,9 отсто. Информираат и дека во пресметката не се земени предвид остварените трошоци во претходните години кои беа констатирани, а кои се одложувани од регулаторната комисија за други периоди.

Ова, како што објаснуваат, се прави затоа што ако се пресметаат и овие трошоци во сегашни услови би предизвикало дополнително зголемување на цената. Предлог одлуката за новата цена на ЕВН Хоум ќе ја достави на увид до регулаторите до крајот на неделава. Потоа регулаторната комисија треба да каже дали пресметката е добра или ќе треба да се коригира.

Новата цена на струјата ќе важи од 1 јануари.