Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евроамбасадорот Рокас до Сиљановска-Давкова: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција. Ова го порачал евроамбасадорот Михалис Рокас во текот на денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, за време на предавањето на Извештајот на Европската комисија  за напредокот на земјава во 2025 година.

За време на средбата во претседателскиот кабинет, Рокас ги нотирал главните проблеми со кои се соочува државата, како и промените кои се очекуваат од неа.

-Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области. Беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во Кластерите 3,4,5 и 6“, соопштуваат од кабинетот на претседателката. 

Претседателката имала забелешки на дел од констатациите во Извештајот на ЕК кои се однесуваат на првиот кластер „Фундаментални вредности“, а дополнително, укажала на потребата евалуацијата за напредокот да биде заснована врз Копенхашките критериуми, а не врз политичките услови со кои се соочува земјата две децении.