Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европа мора да биде вклучена во преговорите за мир во Украина, бара Писториус

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Меѓу европските лидери владее поделеност, загриженост, но и надеж за успешно завршување на преговорите за постигнување мир меѓу Русија и Украина. Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус со директни критики до администрацијата на Трамп, откако јавно беше кажано дека Украина никогаш не треба да се приклучи на НАТО алијансата.

Кај европските влади владее вознемиреност откако Трамп, по вчерашниот телефонски разговор со Путин, објави дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина. Од министерскиот состанок на НАТО во Брисел, германскиот министер за одбрана Писториус со јасна порака дека Европа мора да биде вклучена во преговорите.

„Ако Путин е сериозен да влезе во овие преговори, а искуството од последните три години ни дозволува да се сомневаме во тоа, тогаш тој мора веднаш да преземе акција на бојното поле и да престане да ја уништува Украина“, изјави Борис Писториус, германски министер за одбрана.

„За мене, без сомнение, е јасно дека Европа мора да биде вклучена во преговорите и мислам дека тоа е многу лесно да се разбере, особено ако ние, како што беше речено вчера, треба да играме централна или главна улога во мировниот поредок, но, исто така, и во однос на новиот поредок ако има таков и мировниот поредок што ќе следи. Ние во Европа мора директно да живееме со последиците“, додаде Писториус.

За разлика од Писториус, првиот човек на Алијансата, Марк Руте телефонскиот разговор Путин – Трамп го оцени како успешен и рече дека „сите сакаме мир во Украина“. Од клучно значење е кога ќе се склучи мировен договор, тој да трае, а Путин да знае дека тоа е крајот.

„Сите сакаме Украина да биде во најдобра можна позиција кога ќе почнат тие разговори, за да се увериме дека тие можат успешно да завршат, а како што рече вчера Пит Хегсет, новиот американски секретар за одбрана, од клучно значење е што и да произлезе од тие разговори да биде издржано, да е трајно. Нема Минск III. Не може повторно тоа да се случи. Не можеме да дозволиме Путин повторно да се обиде да заземе ни квадратен километар, ни квадратна милја во Украина во иднина“, Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на брифинг со неговиот таџикистански колега Сироџидин Мухридин, рече дека Западот се навикнал да комуницира со Русија, со користење на „јазик на закани, санкции“ и да ја снабдува Украина со оружје. Затоа, според него, многумина западни лидери се запрепастени од овој „нормален, разговор меѓу двајца добро учтиви луѓе“, рече Лавров.

„Бев изненаден од фактот дека целиот свет западна во еден вид разногласие и го гледа телефонскиот разговор што се случи и извештајот од овој телефонски разговор како нешто невообичаено. Мислам дека до ова доведе персоналот на администрацијата на Бајден, предводен од нивниот претседател“, нагласи Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи.

А, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп изјави дека планира да се сретне со Владимир Путин, во Саудиска Арабија предупреди дека Украина не треба да очекува враќање на своите граници пред 2014 година и ја отфрли можноста Украина да стане членка на НАТО алијансата. Дел од медиумите пак објавија дека и Кина се понудила Пекинг да биде домаќин на евентуална средба меѓу двајцата претседатели во мировните преговори за Украина.

Билјана Ставрова