Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европа не е задоволна од договорот кој Брисел го постигна со Трамп

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Додека Доналд Трамп ликува по вчерашното објавување дека САД и ЕУ постигнале нов историски трговски договор, Брисел се мачи да го задржи европското внимание на малкуте позитивни елементи во него за унијата. Многумина на Стариот континент не се согласуваат со оценката на комисијата дека станува збор за добар договор. Напротив, според нив Европа капитулирала пред САД.

„Трговска војна можеби им изгледа привлечно на некои, но таа доаѓа со сериозни последици. Со царини од 30 проценти, нашата трансатлантска трговска размени би запрела, загрозувајќи до пет милиони работни места, вклучувајќи ги малите и средни бизниси. Нашите бизниси ни испратија едногласна порака, избегнете ескалација и работете на решение кои ќе ја олесни ситуацијата“, вели Марош Шефчович, еврокомесар за трговија и економска безбедност.

Забавениот раст на најголемите европски економии, заедно со сериозната безбедносна ситуација поради војната во Украина, ја поткопаа преговарачката позиција на Брисел, која претрпе дополнителни удари по заканите од Вашингтон за повлекување од НАТО и прекин на поддршката за Украина.

„Г-ѓа фон дер Лајен беше под притисок и немаше многу избор. Мораше да постигне договор и го направи најдоброто што можеше во оваа ситуација. Сепак, таа немаше некои силни карти во рацете за на било кој начин да му се спротивстави на Доналд Трамп“, изјави Артур Брунер од ИЦФ банк.

Иако Брисел и Фон дер Лајен немаа многу простор за маневрирање во преговорите со Вашингтон, сепак многумина ја обвинија Комисијата и нејзината претседателка дека недоволно добро ги искористиле алатките кои Унијата ги има на располагање и нејзината економска сила како пазар од 450 милиони потрошувачи.

„Да, верувам дека ќе имавме поголеми придобивки, заземајќи поцврст став спрема САД, но не затоа што тие ни се противници. Ние ги сметаме за сојузници, за партнери, но Доналд Трамп единствено што знае е само употреба на моќ, всушност тој и ја креира. Затоа, сметам дека требаше подобро да одговориме, јасно демонстрирајќи ги нашите можности за против напад“, изјави Лоран Сан Мартин – Француски министер за Европа и надворешни работи.

Но, од друга страна, иако американскиот претседател побрза да прогласи дека договор бил постигнат, во него има уште многу детали кои треба да бидат усогласени.

„Ми се чини дека претседателката на Комисијата беше јасно дека некои сектори се, да кажеме, особено чувствителни. Овде мислам на фармацевтскиот и автомобилскиот на пример, кои се надеваме ќе бидат опфатени со 15%. Неопходно е да се потврди кои се можните исклучоци, особено кај одредени земјоделски производи. Има неколку елементи кои недостасуваат, исто така јас во моментов не знам точно на што се мисли кога станува збор за инвестиции во гас и други енергенси“, рече италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

Без разлика на конечниот исход, на бизнисите кои со месеци будно ја следеа целата ситуација, конечно им олесна, затоа што во најмала рака сега имаат некаква предвидливост и можат со одредена доза на сигурност да размислуваат за иднината.

„Отприлика како и што очекувавме. Од една страна барем добивме добра вест. Добра, затоа што од април до сега ова беше тежок период, бидејќи во април се зборуваше за 20%, потоа за 10%, па на крајот на мај се зборуваше за 50%, во јули се зборуваше за 30%, за на крајот да се вратиме на 15%. Според тоа, би рекол дека добрата работа е што избегнавме ескалација каква што имаа Кина и САД на почетокот на април“, смета Никола Лукјук, ко-менаџер на Интервал експортс, извозник на кондиторски производи.

За многу елементи од договорот сѐ уште треба да се постигне согласност, но дел од американските медиуми објавуваат дека вчерашната објава од Шкотска била на инсистирање на Белата куќа, на која ѝ беше потребно продолжување на низата постигнати договори, но и оттргнување на вниманието, пред сѐ на МАГА следбениците, од политичката мешаница која администрацијата ја предизвика со фамозните досиеја на Епстин.

Игор Трајков