Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европратениците денеска гласаат за извештајот за Србија

/

пред 529 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент претпладнево ќе гласа за извештајот за Србија, кој потоа ќе добие форма на необврзувачка резолуција. Известителот Тонино Пицула нагласи дека напредокот на Србија кон ЕУ зависи од владеењето на правото, слободата на медиумите и усогласувањето со заедничката надворешна политика, особено во однос на Русија и дијалогот со Приштина.

Во извештајот се наведува системска корупција, селективно судство и ограничување на медиумските слободи. Пицула ја критикуваше и намерата на српскиот претседател Вучиќ да ја посети Москва, како и недостигот од клучни реформи.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Србија има историска шанса за приклучување кон ЕУ, но дека реформите се неопходни за иднината на земјата.