Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската централна банка одби да обезбеди заштитни мерки за кредитот за Украина од 140 милијарди евра

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Европската централна банка (ЕЦБ) одби да обезбеди заштитни мерки за исплата на 140 милијарди евра за Украина. Тоа дополнително го отежнува планот на Европската Унија (ЕУ) за „кредит за репарација“, користејќи го „замрзнатиот“ руски имот, објави „Фајненшл тајмс“.

Заклучокот на ЕЦБ, според изворите на „Фајненшл тајмс“, е дека предлогот на Европската комисија (ЕК) не е во рамки на нејзиниот мандат. На тој начин, Брисел се соочува со отежителна околност за собирање на средства од имотот на руската централна банка кој е депониран во белгискиот депозитар за хартии од вредност – „Еуроклиар“, пренесува „Ројтерс“.

Планот на ЕУ предвидува користење на „замрзнати“ средства на Русија за финансирање на кредитот за Украина, со кој би се поддржала обнова на земјата и би се засилила нејзината економска стабилност. Одлуката на ЕЦБ значи дека ЕК мора да разгледа алтернативни механизми за финансирање или дополнително да преговара со институциите на членките на ЕУ.

С.Д.