Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради 2 и пол години доцнење и неисполнети обврски, против Македонија отворена постапка од Европската енергетска заедница

/

пред 1551 дена

Сподели преку :

На 14 јули секретаријатот на Европската енергетска заедница иницираше процедура за покренување постапки против Србија бидејќи не ги имплементирала кодовите за мрежно поврзување, против Македонија затоа што не ја имплементирала РЕМИТ регулативата и против Косово, бидејќи не ја имплементирала Директивата за оценување на влијанието врз животната средина.

Енергетската зедница ќе покрене процедура против трите земји бидејќи не ги имплементирале во договорните рокови.

Кодовите за мрежно поврзување, кои се однесуваат на Србија,  ги поставуваат карактеристиките за поврзување во мрежата на генератори и системот за висок напон, и требало да бидат имплементирани до 12 јули 2018-та година. РЕМИТ регулативата ги поставува правилата за обезбедување на интегритетот и транспарентноста на пазарот на енергетскиот пазар, а требало да биде воведена до 29 ноември 2019 година. Додека директивата за влијанието врз животната средина, Косово требало да ја воведе до 1 јануари 2019 година.

Засега нема информации од владата за каква постапка и регулатива станува збор. Од МЕПСО за Телма посочија дека до нив не стигнала никаква информација за ова, служите проверуваат по што ќе соопштат во јавноста.