Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

/

пред 426 дена

Сподели преку :

Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Национална алијанса за интеграција (НАИ). За ова информира лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на Фејсбук.

„Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да бидат заедно еден за друг, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека во нашата земја можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца“, нагласува тој во објавата.

Ахмети порачува дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство.

„Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружените раце се нашата порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, порача Ахмети.

Европскиот фронт предизборно го напуштија Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно, како и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.