Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот парламент сака да го ограничи пристапот на социјални мрежи за помлади од 16 години

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент денеска усвои извештај со кој се повикува на ограничување на пристапот до социјални мрежи на помлади од 16 години, како и забрана на технологии кои се штетни за психолошкото здравје на малолетниците, како алгоритми кои таргетирано развиваат зависност.

Документот, кој беше усвоен со 483 гласа „за“ и 92 „против“, го поднесе Кристел Шалдемосе, данска претставничка на социјалистите и демократите. Таа предупреди дека 50 отсто од малолетните без прекин е сои паметните телефони во рака и оти социјалните мрежи се дизајнирани да овозможуваат удари на допамин и прават зависност, бидејќи престојот без мобилен прави чувство на празнина и анксиозност.

Со извештајот на Шалдемосе се предлага минималната возрасна граница за пристап до социјалните мрежи и платформите за размена на видеозаписи и алатки на вештачка интелигенција да биде 16 години. На малолетните од 13 до 16 години би им се овозможил пристап во согласност со родителите. Европскиот парламент повика на силна проверка на возраста на корисниците, со заштита на нивната приватност, што беше една од темите на дебата, бидејќи дел од пратениците сметаат дека тоа е тешко да се постигне.

С.Д.