Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фархан: Ако Иран продолжи со нападите ќе им се врати како бумеранг

/

пред 204 дена

Сподели преку :

„Онаа мала доверба што постоеше претходно е целосно разбиена“, рече принцот на Саудиска Арабија, Фајсал Бин Фархан, по состанокот меѓу министрите за надворешни работи на арапските земји од заливот  во врска со иранските напади што го опустошуваат поширокиот блиски исток.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија рече дека нападите врз кралството и соседните држави ги нагласуваат растечките регионални ризици и повика на прекин на нападите врз земјите што не се директно вклучени во конфликтот.

  • Напаѓањето на Ријад, додека се состануваат голем број дипломати, не можам да го сметам заслучајно. И мислам дека тоа е најјасниот сигнал за тоа како Иран се чувствува во врска со дипломатијата. Не верува во разговори со своите соседи. Се обидува да изврши притисок врз своите соседи. И она што можам категорично да го кажам е дека тоа нема да функционира. Кралството нема да подлегне на притисокот. И напротив, овој притисок ќе се врати како бумеранг, вели принцот на Саудиска Арабија, Фајсал Бин Фархан.