Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен Гостиварец возел со 178 километри на час во населено место

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Со брзина од 178 км на час е фатен Гостиварец кој возел  надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 километри на час –  утврдила полицијата со помош на специјално возило пресретнувач. Возилото е одземено и возачот К.И. (44)  ќе се соочи со санкција согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик.

– На патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму најавуваат дека сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.