Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен на камера како пали и бега – пријавен случај на подметнување пожар во Делчево

/

пред 456 дена

Сподели преку :

При преглед на надзорна камера, регистрирано е лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.

Инцидентот кој е пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево се случил во доцните вечерни часови на горенаведениот датум. Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.

Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти, се вели во апелот од надлежните.