Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен со пет Виетнамци во близина на грчката граница – приведен 48-годишен шверцер на мигранти

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Четириесет и осумгодишнот У.Ш од Скопје е лишен од слобода под сомнение за шверц на мигранти, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 23.04.2026 околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш. (48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „Тојота Корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам“, наведува МВР.

По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.