Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФЕД ја намали каматната стапка

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Федералните резерви на САД ја намалија референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, што е прво намалување од декември минатата година. Централната банка на САД сигнализираше дека се можни уште две дополнителни намалувања до крајот на годината, како одговор на знаците на слабеење на пазарот на трудот и променливата инфлација. Според ФЕД, одлуката е дел од стратегијата за поддршка на економскиот раст во услови на зголемена глобална неизвесност и продолжени геополитички тензии. Иако инфлацијата останува над нивото што го таргетира централната банка, ризиците по вработеноста и побарувачката натежнаа во одлуката за попуштање на монетарната политика. Оваа одлука може да има влијание и врз другите централни банки, вклучително и врз регионот, но Народната банка на Македонија засега не го следи примерот – задржувајќи ги каматните стапки непроменети поради повисока од очекуваната инфлација на домашен план.