По привремениот пад на мрежата, сервисите на „Мета“ се повторно активни.
Според официјалните податоци на downdetector.com, попладнево Мета и сите нејзини производи како што Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, како и дел од сервисите на Гугл, беа комплетно паднати. Според првичните информации, проблемот бил регистриран на глобано ниво.
Неофицијални извори и објави на Твитер соопштија дека бил извршен хибриден напад предизвикан од географското подрачје на Азија.











