Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фердинанд Маркос Јуниор -Филипините мора да се подготват за зголемување на надворешните закани

/

пред 863 дена

Сподели преку :

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор изјави дека земјата мора да биде подготвена  за зголемени регионални тензии околу Тајван и територијални претензии во Јужното Кинеско Море.

Филипините долго време имаат спор  со Кина за Јужното Кинеско Море.

Близината на островската држава со Тајван, исто така, ја става во сферата на интерес на Кина, им рече Маркос на војниците во воениот камп на северот на земјата.

-Надворешната закана станува се поизразена и загрижувачка, затоа мора да бидеме подготвени, изјави Маркос Јуниор.

Тензиите со Кина ескалираа во текот на изминатата година поради честите поморски судири во ексклузивната економска зона на Филипините во Јужното Кинеско Море.

Кина „нема работа“ во филипинската ЕЕЗ, изјави во изјавата секретарот за национална одбрана Жилберто Теодоро.

Денеска, еден ден пред Денот на независноста на Филипините, над стотина демонстранти се собраа пред кинескиот конзулат во Манила барајќи Кина да ја напушти ЕЕЗ на земјата.