Ексдиректорот на затворот Шутка, Филип Андов Сокол седна на обвинителна клупа заедно со уште седуммина затворски полицајци. Судењето се одложи за да може одбраната да ги разгледа доказите што ги доби денеска од обвинителствотоа, а на наредното рочиште ќе се чита обвинението и обвинителите ќе се произнесат за вина.
Ексдиректорот и дел од полицајците одговараат за злоупотреба на службената положба, а другите петмина за несовесно работење во службата. Според обвинението, се товарат дека првата половина од минатата година на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби. Одбраната денеска најави дека ќе докажат дека работеле законски.











