Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забраната за двојни државјанства да се прошири и за избраните функционери – опозицијата ќе предложи измени на законот на ВМРО

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Предложениот предлог закон од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ  со кој се предвидува  пратеник да може да стане само лице кое има единствено македонско државјанство, за претседателот на СДСМ Венко Филипче е „класична измама на власта“.

За него е спорно што во предлогот никаде не е јасно кажано дека тоа ќе важи и за овој актуелен пратенички состав.

Тој најави дека СДСМ ќе предложи амандмани на законот.

„ Ние ќе го поддржиме и амандмански ќе интервенираме, експлицитно да се наведе дека ќе важи и за овој состав. Во исто време ќе подготвиме закон сo кoj ова ќе важи и за сите избрани и именувани функционери“, рече Филипче.

Потписници на измените на Законот за пратеници се актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ. Според предлогот  кандидатите за пратеници, кога ќе има следни избори, ако имаат двојно државјанство, да не може да станат пратеници. Тие предлагаат измените да се донесат по скратена постапка зашто не се работи за  сложена измена.