Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Мора да знаеме кој и каков е планот на владата за евроинтеграциите

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Мора да знаеме кој и каков е планот на владата, ако воопшто го има и како ние ќе продолжиме на евроинтегративниот пат, изјави претпладнево лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Претседателот на најголемата опозициска партија посочи дека во наредниот период ќе ги користат сите механизми, вклучувајќи и свикување собраниска седница, со цел да обезбедат одговор од премиерот во врска со евроинтеграциите на земјава.

„Премиерот има многу најави за некаква поддршка од некои држави за менување на преговарачката рамка со која наводно би се подобрила состојбата на нашата држава во процесот на евроинтеграции, но сето тоа е обвиено со некаква мистерија и не знаеме детали. Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко, ниту етичко, ниту морално право, тој треба да направи нешто што очекува огромното мнозинство граѓани. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите изјави дека наводно има најави за поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство, бидејќи самиот министер кажа дека во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа. Тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во владата кои создаваат впечаток на целосна безперспективност мора да се расчистат во Собранието. Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“, истакна Филипче.

Во врска со предложениот Закон за обесштетување на бранителите и најавата на портпаролот на СДСМ дека во законот е можно да влезат и војниците на т.н. ОНА и дека законот може да се промени, Филипче истакна дека изјавата на портпаролот на СДСМ е лоша интерпретација.

„Изјавата на портпаролот е лоша интерпретација. Станува збор за закон кој излегува во пресрет на барањата и потребите на сите повредени или семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на армијата и полицијата. Ние очекуваме во Собрание припадниците на сите политички партии да ги надминат теснопартиските интереси и тој закон да биде изгласан во Собранието. Не станува збор за никаква промена ниту можност за промена на законот вклучувајќи и некаква амандманска промена“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во придружба на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски приссуствуваше на откривање биста на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, која е поставена во истоименото основно училиште во Скопје.