Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финансии негираат, дел од вработени во јавниот сектор реагираат платите доцнат – хакери пред 10 дена се обиделе да влезат во државната сметка

/

пред 1237 дена

Сподели преку :

Неизвесно попладне за вработените во јавниот сектор. Платата легна иако имаше најави за доцнеше во повеќе сектори. Од министерството за информатичко општество не ги знаат причините, а  од финансии молчат дали државниот трезор бил мета на нападот на хакари. За Телма одговорот е дека трезорската сметка не била мета на сјабер напад, и дека услугите поврзани со државната каса се одвиваат непречено.

„Почитувани, во врска со доставеното прашање Ве информираме дека  системот на Министерството за финансии не бил цел на хакерски напад и  сите функции, вклучително и на Трезорот,  се одвиваат тековно,“ се наведува во одговорот на фиансии до Телма.

Телма се обиде да ги провери наводите на дел од институциите, а неофицијално е дека проблеми со трезорот имало. Наводно, хакери се обиделе да се пробијат преку интернет.. Нападот се случил пред десетина дена ,а оттогш властите работат на отсранување на опасноста, а инфорамцијата се крие од јавноста. Платите се книжат рачно, дел од институциите ќе ги добијат денеска, дел веќе ги добиле, а дел ќе почекаат од понеделеник. Телма се обиде да добие информација од ценаторот за одговор на компјутерски инциденти, но засега нема потврда. Пријава нема ниту во минситерството за внатрешни работи. Дека имало проблем во приливот и распредлебата на средствата јавно обвини и градоначланичката на Скопје, Данела Арсовска од пултот во советот.

Со оглед дека доаѓа крајот на месецот и треба да се завршат фискалните плаќања и обврските кон државата, и фирмите потврдија дека парите уплатени за здравствено осигурување се уште не се распределени преку трезорската сметка, па поголем од вработените и во приватниот сектор може да останат без здравствените  услуги.

Симона Петровска