Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

/

пред 876 дена

Сподели преку :

Во услови на скапи пари се одржа 29-то Собрание на АЦИ Македонија, здружение на финансиски пазари на кое членовите избраа нов претседател. Тоа е Весна Трајковска од Комерцијална банка која на ова Собрание истакна дека живееме во време кога глобалните економии и натаму се соочуваат со големи предизвици.

Како професионалци преку современите информациони  системи ги следиме секојдневно случувањата од економскиот и политичкиот свет кои се клучни за движењето на валутите, каматите, индексите, приносите на обврзници, вели Трајковска

Основна цел на здружението е унапредување и поголема афирмација на финансиските пазари во земјата и на професијата девизен трговец.

Традиционално и на ова собрание се одржа дебата на која соговорниците дискутираа за тоа што ќе се случува и во која насока ќе се движат каматните стапки на главните економии во светот ФЕД и ЕЦБ.