Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФИНКИ го доби проектот „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија”, вреден 6 милиони евра

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го доби проектот “ВЕЗИЛКА : Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија”, кој е избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC и програмата Horizon Europe.

„Преку проектот ВЕЗИЛКА, стануваме дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција, што претставува значаен чекор за зајакнување на националните дигитални капацитети и интеграција во европската истражувачко-иновациска инфраструктура. На овој начин, државата ќе обезбеди пристап до напредни алатки, податочни простори и компјутерски ресурси за стартапите, компаниите, истражувачите како и за институциите“, велат од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Ќе биде опфатен развој на пет клучни сектори како што е здравство, енергетика, јавна администрација, јазик, култура и земјоделство.

Проектот е поставен е како придружен центар на Фабриката за Вештачка Интелигенција „Фарос“ (Pharos AI Factory) во Грција, со што ќе обезбеди директен пристап до европски суперкомпјутери за ВИ, и со тоа ќе овозможи развој, тренирање и тестирање на напредни модели на вештачка интелигенција.

Покрај техничката инфраструктура, предвидено е ВЕЗИЛКА да создаде национален центар за консалтинг, обука и поддршка во областа на ВИ, фокусирајќи се на развој на човечки капитал како и на трансфер на знаење и иновации. Проектот е планирано да реализира голем број на обуки за зголемување на вештините, подобрување на продуктивноста и подготовка на пазарот за ерата на ВИ.

Институционални поддржувачи на проектот се министерството за дигитална трансформација (МДТ) и Владата на РСМ. Вкупна вредност на проектот е околу 6 милиони евра ќе биде финансиран од ЕУ а кофинансиран од МДТ, Владата на РСМ и ФИНКИ.

Од министерството за дигитална трансформација додаваат дека со овој проект држава станува активна во европската мрежа на центри за вештачка интелигенција.

Т.Д.