Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фирма од семејството Митилинеос ќе испорачува најмногу јаглен за РЕК Битола

/

пред 921 дена

Сподели преку :

И новите 500 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола, ќе ги испорачува фирмата од Митилинеос, Протергија Енерџи. Во дописот од ЕСМ стои дека  склучeн е договор вреден 32 милиони евра, без ДДВ и  дека јагленот е од ново откопно поле.

Со оваа фирма претходно се склучи договор од  26, 5  милиони евра за испорака на исто толкава количина јаглен.

Од податоците на бизнис мрежа може да се види дека Протергија Енерџи е во сопственост на грчката Протергија која пак е фирма ќерка на Митилинеос, компанија која доби статус на стратешки инвеститор и треба да гради централа во Железара, но за која имаше низа реакции во јавноста, затоа што добива големи поволности од државата.

За испорака пак на околу 200 илјади  тони јаглен, склучен е договор со познатата фирма во Никопулос која според податоците исто има грчки газди. Овие количини чинат околу 12 милиони евра.

Инаку, цената на струјата од  РЕК Битола за кого се набавува јагленот е повисока од онаа на берзите, па поради тоа од РКЕ соопштија дека  мали потрошувачи од регулиран со струја се снабдуваат на отворен пазар.