Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон Дер Лајен го поздрави договорот за Газа

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Ја поздравувам објавата за договор за обезбедување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, врз основа на планот кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на X.

Таа ја поздрави дипломатската работа на Соединетите Американски Држави, Катар, Египет и Турција во постигнувањето на овој пробив и додаде дека е охрабрена од поддршката на Владата на Израел и Палестинската власт.

– Сега, сите страни мора целосно да ги почитуваат условите на договорот. Сите заложници мора безбедно да бидат ослободени. Мора да се воспостави траен прекин на огнот. Страдањето мора да престане, нагласи таа.

Фон Дер Лајен додаде дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува брзата и безбедна достава на хуманитарна помош во Газа.