Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, објави Фон дер Лајен на платформата Икс.

Ваквиот чекор доаѓа откако минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во Унијата.