Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фондот за пензиско започнува со СМС известувања за пензиски решенија

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Од утре (29 јули), Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ќе испраќа СМС пораки до сите граѓани кои поднеле барање за пензија, со информации кога и каде да го подигнат решението.

Со оваа нова услуга се намалуваат гужвите на шалтерите и се поедноставува процедурата за корисниците.

Дополнително, во рамките на Фондот функционира и нов Кол Центар, каде што осигурениците можат да добијат информации за статусот на поднесените барања, како и за условите за старосна, семејна и инвалидска пензија, бенефициран стаж и други права.

Фондот веќе воведе 13 електронски услуги преку порталот uslugi.gov.mk, а најавува и нови, кои се во тест фаза, меѓу кои и онлајн барања за семејна и инвалидска пензија, како и дупликати на решенија.